Трамп одговарајќи на прашањето дали САД во Венецуела употребиле оружје со енергетски импулси, тој посочи дека бил користен „Дискомнобулатор“ за да се неутрализира венецуелската опрема.
- „Дискомбобулатор“. Немам право да зборувам за тоа, посочи Трамп, додавајќи оти оружјето предизвикало венецуелското оружје „да не работи“.
Тие никогаш не успеаја да ги лансираат своите ракети. Имаа руски и кинески ракети и никогаш не полетаа. Влеговме, тие ги притиснаа копчињата и ништо не работеше, наведе Трамп.
Тој повторно се закани со воени напади против нарко-картелите, вклучително и во Мексико.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата