logo
logo
logo

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

Vecer | 19.10.2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

„За мене беше чест уништувањето на голема подморница што се користела за трговија со дрога, која се движела кон САД. Американските разузнавачки служби потврдија дека бродот содржел фентанил и други нелегални супстанции“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ („Truth Social“).

Американскиот претседател додаде дека во подморницата имало четворица трговци со дрога, од кои двајца биле убиени.

„Двајцата терористи кои преживеале се вратени во нивните земји - Еквадор и Колумбија, за притвор и судска постапка“, рече Трамп.

Тој прецизираше дека во операцијата нема повредени американски воени сили. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk