logo
logo
logo

Трагично заврши филмска потера- полициски возила уништени, голем број повредени (ВИДЕО)

Vecer | 09.04.2025

Трагично заврши филмска потера- полициски возила уништени, голем број повредени (ВИДЕО)

Драматичната потера се случила ноќта меѓу вторникот и средата околу 2 часот и 30 минути, а автопатот беше затворен во двата правци, откако при потера по бегалецот дошло до страотен судир на полициски возила со БМВ-то по кое трагале, пренесе Сан.

Според информациите, при полициска потера дошло до страшен судир меѓу БМВ и полициско возило, при што патролното возило останало без покривот и трите врати, кои прелетувале по сите ленти на автопатот.

Засега не е познато што точно тргнало наопаку. Луѓето кои живеат во областа само велат дека рано утринава ги дочекал хаос.

„Никогаш не сме виделе вакво нешто во нашите животи, бевме во шок“, велат мештаните откако ги виделе сцените по несреќата.

Според британските медиуми, пет лица се пренесени во болници со многу тешки повреди. Полицијата се уште врши увид на лице место, по што најверојатно ќе бидат отстранети остатоците од уништените автомобили, како и расфрланите парчиња стакло и пластика од патот.

Станува збор за автопат кој води до аеродромот, поради што властите апелираа до патниците однапред да си заминат за да стигнат навреме за своите летови.

„Ме разбуди звук на хеликоптер нешто пред 3 часот по полноќ, а потоа сфатив дека е полициски хеликоптер. Ги кренав ролетните и ги видов ротирачките светла на возилата на брзата помош и полицијата насекаде“, сведочеше една жена која живее на автопатот.

Таа вели дека била свесна дека се случило нешто сериозно, но дека не ни поимала дека несреќата била толку погубна.

Што и претходело на драматичната бркотница и кој точно бил повреден во несреќата се уште не се знае. Од Итната помош соопштија дека повикот го примиле во 02:29 часот и дека на лице место излегле пет медицински екипи, од кои две екипи за одговор при катастрофи.

Сите надлежни служби, од полицијата до противпожарната служба, можеа само да потврдат дека дошло до несреќа во која учествувале повеќе возила. Меѓутоа, што точно се случило засега е мистерија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk