logo
logo
logo

Трагедија во Швајцарија- тела на двајца планинари се пронајдени на врвот Вајсмис

Vecer | 29.08.2025

Трагедија во Швајцарија- тела на двајца планинари се пронајдени на врвот Вајсмис

Неколку дена претходно, еден од двајцата мажи паднал додека се спуштал од планината, соопшти кантоналната полиција Вале.

Тој паднал од висина од околу 3.950 метри околу 10:30 часот минатиот петок, но сè уште не е познато како паднал, објавува „Свис Инфо“.

Другиот планинар, кој бил сведок на несреќата, веднаш ги известил спасувачките служби на Швајцарија, но и покрај потрагата со хеликоптери, спасувачките екипи од организацијата за спасување на кантоналната организација Вале, „Ер Цермат“ и „Рега“, не биле во можност веднаш да ги лоцираат алпинистите.

Двајцата планинари подоцна биле пронајдени мртви, соопшти полицијата. Формалната идентификација на жртвите сè уште е во тек, а јавното обвинителство започнало истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk