logo
logo
logo

Тинејџер изврши тројно убиство во трговски центар во Бангкок

Vecer | 03.10.2023

Тинејџер изврши тројно убиство во трговски центар во Бангкок

На социјалните мрежи може да се видат снимки од бегството на  посетителите од шопинг центарот, што беше затворен веднаш по пријавата на нападот, како и блиската станица на метрото.

На една од снимките се гледаат луѓе како се кријат во затемнета просторија од ресторан во центарот. 

Локалната телевизиска станица Канал 3 објави дека од тоалетите на трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.

Премиерот Срета Тависин изјави дека се уште чека детали за инцидентот. 

Портпаролот на полицијата Ачајон Краитонг изјави дека началникот на националната полиција испратил полициски екипи за контрола на областа. 

Вооруженото насилство е вообичаено во Тајланд. 

Поранешен полицаец лани уби 22 деца во градинка, а во 2020 година војник уби најмалку 29 лица и рани други 57 во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk