Лидерот на мнозинството во Сенатот на САД, Џон Тјун (Републиканец од Јужна Дакота), јавно застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп поради, како што ја нарече, историската одлука да се изврши воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти.
Соединетите Американски Држави во саботата ги нападнаа постројките во Фордо, Натанс и Исфахан. Претседателот Трамп потврди дека овие три локации биле „целосно уништени“ со шест разорни бомби од 13.500 килограми и 30 крстосувачки ракети Томахавк. Некои демократски конгресмени го обвинија Трамп дека го прекршил Уставот со тоа што не ја побарал согласноста на Конгресот за нападот, но Тјун во изјава за Fox News смета дека претседателот бил "во полн согласност со своите овластувања".
Верувам дека тоа што се случи за време на викендот е меѓу причините поради кои Американците го избраа Трамп. Ова е мир преку сила. Тој потег беше историски и треба така да се гледа. Демократите гласно се жалат, но се на погрешната страна на историјата за ова прашање.
Тјун, кој во 1979 година бил ученик во последна година средно кога се случила Иранската револуција, се присети дека тогашниот претседател Џими Картер поддржал државен удар, што по негово мислење довело до катастрофални последици и е голем контраст со актуелната политика на Трамп.
Аргументите на демократите... Тоа е класичен пример на синдром на опседнатост со Трамп. Ништо повеќе, ништо помалку, ништо друго. Тоа ќе го прават, ќе викаат и ќе се жалат. Но фактот е дека, и според законот, и уставно, но и низ историјата и моралот, претседателот е на сигурна основа. Американците го знаат тоа, и затоа верувам дека мнозинството граѓани, дури и многу демократи, го поддржуваат потегот на претседателот.
Трамп успеа да постигне договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, откако претходно израелските сили започнаа напади врз иранските нуклеарни капацитети во Техеран пред повеќе од една недела. Во понеделникот навечер Израел накратко го прекрши договорот, а потоа Иран возврати, но двете страни се согласија да го вратат примирјето. Трамп јавно призна дека е „незадоволен од однесувањето на Израел“ поради овие настани.
Некои конгресмени од Демократската партија, како Александрија Окасио-Кортез и Шон Кастен, најавија иницијатива за импичмент против Трамп поради воздушните напади врз Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата