26-годишникот, познат на безбедносните служби по исламски радикализам и ментални проблеми, рече дека „реагирал на прогонот на муслиманите во светот“, открил извор близок до истрагата.
Раџабпир-Мијандоаб беше уапсен по фаталниот напад на 23-годишен германско-филипински турист и ранувањето на уште двајца во саботата недалеку од Ајфеловата кула во француската престолнина, која е домаќин на Летните олимписки игри следната година.
Според извор близок до истрагата, напаѓачот рекол дека ја избрал оваа локација бидејќи не можел да го поднесе споменикот, „симболично место“ кое треба да биде осветлено „во боите на Израел“, по масакрот од страна на палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври.
Арманд Раџабпир-Мијандоаба не пораснал во религиозно семејство, но го прифатил исламот на 18-годишна возраст и „многу брзо ја прифатил џихадистичката идеологија“, додава изворот. Пред самиот напад тој се заколнал на верност на Исламската држава.
Во 2016 година, тој бил осуден на пет години затвор за терористички заговор по планираната насилна акција во Дефенс, деловен кварт во Париз, во 2016 година. Тој бил ослободен од затвор во март 2020 година. По критиките во врска со медицинскиот надзор на напаѓачот, за кого се вели дека боледува од ментална болест, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека лекарите постојано изјавувале „дека е подобро“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата