logo
logo
logo

Тензично кај соседите- Иран ѝ се закани на Бугарија

Vecer | 01.04.2026

Тензично кај соседите- Иран ѝ се закани на Бугарија

Според предупредувањето, Иран го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавуваат Новините.

„За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони-цистерни на меѓународниот аеродром Васил Левски е дел од планирана воена вежба, како и присуството на американски воени авиони (12 авиони), тие се користат за поддршка и полнење гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран“, се вели во иранското соопштение.

Иран соопшти дека го задржува правото да преземе сите мерки за заштита на своите национални интереси.

„Зошто нелегитимниот Андреј Ѓуров ги крие овие информации? Што чекаме, да падне балистичка ракета? Ќе пристигне за девет минути“, рече Станислав Балабанов од партијата ITN (Постои таков народ), кој ја објави содржината на нотата.

Тој побара привремениот премиер на Бугарија, Андреј Ѓуров да биде разрешен и заменет со нов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk