logo
logo
logo

Телефонски разговор Зеленски-Трамп

Vecer | 11.10.2025

Телефонски разговор Зеленски-Трамп

- Му честитав на претседателот Доналд Трамп за неговиот успех и договорот за Блискиот Исток што успеа да го обезбеди, што е извонредно достигнување. Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш сигурно и другите војни можат да се запрат – вклучително и руската војна, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој го информирал Трамп за нападите на Русија врз украинскиот енергетски систем и додаде дека ја цени неговата подготвеност да го поддржи Киев.

- Разговаравме за можностите за зајакнување на нашата воздушна одбрана, како и за конкретните договори на кои работиме за да го обезбедиме ова. Постојат добри опции и солидни идеи за тоа како навистина да нè зајакнеме. Потребна е подготвеност од руска страна да се вклучи во вистинска дипломатија – ова може да се постигне преку сила, напиша Зеленски и му се заблагодари на Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk