- Премиерот во сите разговори го повтори ставот за Гренланд, се наведува во владиното соопштение.
Стармер истакнал дека „безбедноста на далечниот север е приоритет за сите НАТО сојузници, за да се заштитат евроатлантските интереси“.
Во соопштението се посочува и дека Стармер навел дека е погрешно воведување царини за сојузниците поради стремежот кон колективната безбедност на НАТО“.
Претходно, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал со Трамп за Гренланд.
Трамп тврди дека поради националната безбедност и засиленото присуство на Русија и на Кина на Арктикот, САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд. Тој најави дека од 1 февруари ќе воведе царини за осум европски држави, што ќе бидат во сила додека „не биде склучен договор за целосна и комплетна продажба на Гренланд“. Трамп најави и дека царините би можеле да се зголемат и до 25 проценти од 1 јуни.
Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија во денеска објавената заедничка изјава наведоа дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи.
Исто така наведоа оти како членки на НАТО се посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес.
- Воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на тоа и не претставува закана за никого, се додава во заедничката изјава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата