logo
logo
logo

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма

Vecer | 15.02.2026

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма

Иран е подготвен да разговара за компромиси во врска со својата нуклеарна програма со цел да се постигне договор со САД, доколку Вашингтон е подготвен да разговара за укинување на санкциите против Техеран, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи.

Во интервју за Би-Би-Си од Техеран, што беше емитувано денеска, тој рече дека топката „е во дворот на САД за да докажат дека сакаат да постигнат договор“.

„Ако се искрени, сигурен сум дека ќе бидеме на пат кон договор“, рече Тахт-Раванчи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk