logo
logo
logo

Татко се струполил и умрел додека ковчегот на неговиот син го внесувале во капела- пред 10 години погребал и близнаци

Vecer | 09.09.2025

Татко се струполил и умрел додека ковчегот на неговиот син го внесувале во капела- пред 10 години погребал и близнаци

Се верува дека таткото доживеал срцев удар од тага, што се покажало како фатално за него, објави Мирор.

Норман, пред десет години погребал близнаци, кои починале при раѓање.

Дејвид со години се борел со зависност и починал додека спиел на каучот на роднина.

Сестрата на Дејвид, Шантел, рекла дека тој од неодамна не користел дрога и дека постигнал напредок во третманот.

Таа сè уште е во шок и не може да поверува во трагедијата што го снашла нејзиното семејство.

„Сè е толку трауматично за сите нас. Никогаш не можев да замислам дека нешто вакво ќе се случи. Кога седнавме во капелата, сфатив дека татко ми го нема. Ги прашав сите дали го виделе. Потоа ми кажаа дека се онесвестил и веднаш истрчав надвор“, се сеќава неутешната жена.

Набрзо на местото на настанот пристигнала брза помош, Норман бил итно однесен во болница. Шантел отишла со него, додека остатокот од семејството останало на погребот.

Набрзо сите беа шокирани од веста дека Норман, за жал, исто така починал.

„Мислам дека почина од скршено срце. Тато никогаш немал проблеми со срцето. Јас сум во шок повеќе од една недела. Сè уште не знам што ни се случи“, вели Шантал.

Таа вели дека нејзиниот татко бил тренер по бокс со години и дека водел осамен живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk