Коментарите на Лин дојдоа веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на „реципрочните“ тарифи со исклучок на Кина.
Лин рече дека дополнителната пауза од 90 дена нуди можност Тајпеј да се вклучи во подетални дискусии за економската и трговската соработка со САД, пренесе ДПА.
Тој изрази надеж дека овие разговори ќе го надминат „пасивниот одговор на реципрочните царини на Трамп и наместо тоа ќе послужат за зајакнување на билатералните економски врски“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата