logo
logo
logo

Тајани: Трамп ќе ги разгледа царините до 1 април

Vecer | 29.01.2025

Тајани: Трамп ќе ги разгледа царините до 1 април

„Првите одлуки на претседателот Трамп - до 1 април - не предвидуваат воведување нови царини, туку преглед на многу аспекти на американската трговска политика“, рече Тајани по состанокот со некои претставници на италијанската преработувачка индустрија.

За време на состанокот, тој разговараше за трендовите во надворешната трговија и перспективите за извоз под новата американска администрација.

„Тајани ја изрази својата намера да започне со работа со прагматичен пристап, подготвувајќи акции и реакции за секоја можна промена во меѓународната трговска рамка“, се вели во соопштението на италијанското МНР по повод средбата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk