logo
logo
logo

Тајани: Дипломатијата е вистинскиот начин за решавање на кризата во Ормуската Теснина

Vecer | 16.03.2026

Тајани: Дипломатијата е вистинскиот начин за решавање на кризата во Ормуската Теснина

„Што се однесува до Ормуската Теснина, мислам дека дипломатијата треба да преовлада“, изјави Тајани за новинарите на маргините на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел.

Италија е вклучена во одбранбени поморски мисии во Црвеното Море, „но не гледам никакви мисии што би можеле да се прошират во Ормуската Теснина“, нагласи тој.

Претходно, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен изјави дека неговата земја треба да биде отворена да го разгледа сопствениот придонес за обезбедување слобода на пловидба во Ормуската Тесниан, но сè уште не донел никакви одлуки.

„Како мала земја каква што сме, но голема поморска нација, мора да останеме отворени за ова прашање“, изјави Расмусен за новинарите пред состанокот на АФЕТ.

„Не велам дали треба да направиме повеќе сега (отколку што правиме), туку дека со нетрпение очекувам да разговарам за ова со моите колеги (од Европската Унија)“, додаде тој.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација е во преговори со седум земји за да помогне во обезбедувањето на Ормутската Теснина во услови на војна меѓу САД и Израел против Иран повикувајќи ги да помогнат во заштитата на бродовите во виталниот воден пат, што Техеран речиси целосно го блокира за танкери за нафта.

„Сè што слушнавме досега е она што Трамп го кажа синоќа, придружено со нејасна покана до Европа, па сега со нетрпение очекувам да разговарам за ова со моите колеги“, рече Расмусен. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk