logo
logo
logo

Светските цени на храната во октомври достигнаа нов десетгодишен пик

Vecer | 04.11.2021

Светските цени на храната во октомври достигнаа нов десетгодишен пик

Светските цени на храната пораснаа во октомври веќе трет месец и достигнаа нов врв во десет години, повторно предводени од цените на житарките и растителните масла, објави во четвртокот агенцијата за храна на Обединетите нации.

Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (FAO), којашто ги следи меѓународните прехранбени производи со коишто најмногу тргува во светот, просечно изнесувал 133,2 поени во октомври во споредба со ревидираните 129,2 поен во септември. Претходниот показател за септември беше проценет на 130,0 поени.

Октомвриското осчитување било највисокото за индексот од јули 2011 година. На годишно ниво, индексот во октомври пораснал за 31,3 отсто.

Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата 2020 година, поттикнати од доцнењето на жетвите и големата побарувачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk