logo
logo
logo

Светски познатата активистка за правата на животните, Џејн Гудал почина на 91 година

Vecer | 03.10.2025

Светски познатата активистка за правата на животните, Џејн Гудал почина на 91 година

„Откритијата на д-р Гудал во областа на етологијата го револуционизираа научниот свет. Таа беше неуморна во својата посветеност на зачувувањето и обновувањето на природната средина. Ќе биде запаметена како посветена активистка за права на животните. Таа ја претвори својата љубов кон дивите животни во доживотна мисија што ја однесе од англиските крајбрежни села, низ африканските шуми, до светските подиуми - борејќи се за подобро разбирање на шимпанзата и поширока свест за улогата на луѓето во заштитата на планетата“, се вели во соопштението.

Уште во 1960-тите, Гудал се истакна како пионерка во проучувањето на однесувањето на приматите, оставајќи неизбришлив белег во модерната биологија и приматологија.

Таа соработуваше и со „Нејшнал џиографик сосајети“ (National Geographic Society), благодарение на што го доближи светот на шимпанзата и африканскиот див свет до пошироката јавност. За нејзиниот придонес во науката и зачувувањето на природата, таа беше наградена со титулата Дама на Обединетото Кралство во 2003 година, а во 2025 година го доби и Претседателскиот медал за слобода во Соединетите Американски Држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk