logo
logo
logo

Гламурозна свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција со реакции од јавноста и активистите

Vecer | 27.06.2025

Гламурозна свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција со реакции од јавноста и активистите

Овој викенд Венеција блескаше во светскиот џетсет поради свадбата на Џеф Безос, основачот на „Амазон“, и Лорен Санчез. На настанот присуствуваа познати имиња од светот на забавата и бизнисот, меѓу кои Мик Џегер, Иванка Трамп, Опра Винфри, Кети Пери и Леонардо Дикаприо. Дел од гостите веќе пристигнаа во луксузниот хотел „Аман Венис“, додека околу 300 гондоли и пет врвни хотели беа подготвени за околу 250 гости.

Поканите за настанот содржеа молба упатена кон гостите, наместо подароци да донираат средства во канцеларијата на УНЕСКО во Венеција. По две години заеднички живот и размена на венчални прстени, церемонијата се одржа во познатото историско место Арсенал, додека според некои шпекулации, приватно се венчале уште претходно во САД.

Сепак, гламурозната свадба ги разбуди реакциите на активистите за човекови права кои истакнаа дека ваквите манифестации ја потенцираат растечката нееднаквост на богатството и отуѓеноста на дел од елитата од секојдневните проблеми на локалното население.

Тие ја уништуваат планетата за профит. Зарем не размислуваат за иднината на своите внуци? Што ќе остават зад себе?

Марио, жител на Венеција

За мене, немаше особена врева. Безос помогна со донација за Венеција и нејзиното зачувување. Немам ништо против бракот.

Гвидо, жител на Венеција кој живее во Швајцарија

Активистите изразија свој став со транспарент на плоштадот на кој пишуваше: „Ако можевте да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, можете да платите и повеќе данок“, со голема фотографија од Безос, кој наскоро беше отстранет од полицијата.

Кога супербогат човек пристигнува со приватна флота авијација, индиферентен е кон климатската криза низ која минуваме, изнајмува по свое задоволство град како Венеција, симбол на климатската криза, и донира милион евра, а дневно заработува повеќе од 300 милиони.

Сара, активистка

Голем дел од туристите кои во моментов престојуваат во Венеција сепак не можеа да го искусат гламурот на венчавката. Но, денеска имаа можност да го забележат восочниот лик на Џеф Безос положен на голема кутија со натпис Амазон и пари во дланките – инсталација која заврши да лебди во Големиот канал во близина на прочуените венецијански гондоли. Засега нема официјален коментар од околината на Безос во врска со протестите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk