Една од најгламурозните свадби ова лето се одржува во Венеција, каде милијардерот Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез официјално го прославуваат своето венчавање. Листата на гости е преполна со познати личности од светот на музиката, филмот и политиката – меѓу именуваните се Мик Џегер, Иванка Трамп, Опра Винфри, Кети Пери и Леонардо Дикаприо. Големиот број гости се дел од ексклузивните настани во еден од најлуксузните хотели во градот, а на поканите специјално беше напоменато да не се носат подароци туку донации за УНЕСКО во Венеција.
По две години заеднички живот и носење венчални прстени, Безос и Санчез централната свеченост планираат да ја организираат во историското место Арсенал во источниот крај од Венеција. Дел медиумски гласини веќе најавуваат дека парот можеби се венчал претходно во приватна церемонија во САД.
Но, сето ова не помина без реакции – активисти за човекови права излегоа на протест против растечката социјална нееднаквост и игнорирањето на проблемите на локалното население.
Тие ја уништуваат планетата, само заради бизнисот со пари. Зарем немаат внуци? Што им оставаат?
За мене, нема толку многу врева. Тој рече дека тоа е најубавиот град на светот, даде донација за Венеција и нејзиното зачувување. Не гледам причина за тие што се против венчавката.

Активистите исто така на Плоштадот Сан Марко истакнаа транспарент со пораката: „Ако можевте да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, можете да платите и повеќе данок“, придружено од голема слика на Безос, која полицијата ја отстрани.
Кога супербогат човек доаѓа со флота приватни авиони, не водејќи грижа за климатската криза, изнајмува град како Венеција, симбол на климатските промени, и донира милион, а дневно заработува многу повеќе...

Додека за туристите најголема атракција беше големата фигура на Безос поставена на гигантска кутија со логото на неговата компанија, која потоа беше пуштена да лебди по Големиот канал, од делегацијата на Безос сè уште нема коментар за протестите и реакциите на активистите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата