logo
logo
logo

Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

Vecer | 24.03.2023

Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

- Премиерот Сунак ја истакна важноста на демократските вредности кои се основата на нашите односи, вклучително и предложените судски реформи во Израел, се вели во соопштението.

Нетанјаху претходно беше пречекан пред Даунинг стрит број 10 со свирежи и повици од демонстранти кои се незадоволни од најавените реформи во правосудството во Израел.

Тој се ракуваше со британскиот премиер Риши Сунак на скалите на Даунинг стрит додека стотици демонстранти кои беа во близина носеа израелски знамиња и извикуваа „Нетанјаху оди во затвор, не можеш да зборуваш во името на Израел“.

Сцените во Лондон се повторување на сцените во Берлин, кои се случија претходно овој месец, кога стотици демонстранти се собраа пред Бранденбуршката порта за да протестираат против судските реформи во Израел. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk