logo
logo
logo

Судир на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, се трага по преживеани

Vecer | 30.01.2025

Судир на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, се трага по преживеани

Авионот се урнал во реката Потомак во близина на Националниот аеродром Реган Вашингтон Во авионот имало 64 лица, тројца војници во хеликоптерот. Бродови со нуркачки тимови го пребаруваат теренот,  Спасувачките екипи трагаат по преживеани лица. Досега се пронајдени 19 тела.

„Вечерва во 20.48 часот добивме предупредување кое иницираше голем регионален одговор за известување за пад на авион при приближувањето до аеродромот. Овој одговор ја вклучи првата метрополитантска вашингтонска аеродромска полиција, противпожарната бригада и полицијата задолжена за паркови“

Авионот летал од Вичита кон Вашингтон, а хеликоптерот со кој се судрил бил на тренажен лет. Претходно во аудио снимка од летот се слуша како  пилотите на воениот хеликоптер прашуваат дали имаат регионален авион во видик кој пристигнува на аеродромот.

Официјалните лица велат дека напорите за пребарување и спасување во водата ќе траат повеќе денови и дека условите се опасни, реката во голем ден е замрзната, дува и силен ветер што дополнително ја отежнува потрагата по преживеани.

„Водата во која пребаруваме е околу 8 метри длабока. Има ветер, има парчиња мраз, така што едноставо е опасно и тешко оди потрегата. И бидејќи видливоста е мала таму, го пребаруваме секој милиметар. Нуркачите го прават истото во водата. Водата е темна, матна и тоа за нив е исто така се тешки околности“-Џон Алив, Командант на протипожарна бригада на областа Колумбија.

Во двата авиони имало повеќе од 60 луѓе. Неколку членови на заедницата за уметничко лизгање биле во авионот, соопшти американското раководно тело. Американскиот претседател Трамп,  судирот во воздух меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на Американ ерлајнс го оцени како „лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи“.

„Авионот беше на совршена и рутинска линија на приближување до аеродромот. хеликоптерот се движел директно во авионот подолг временски период.. зошто хеликоптерот не се качил, ниту спуштил, ниту пак се свртел. зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави наместо да праша дали го виделе авионот“, напиша Трамп на својата платформа „truth social“.

Несреќата се случила околу 21 час по локално време.  На аеродромот „Реган“ сите авиони се приземјени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk