logo
logo
logo

Судир меѓу демонстранти и полицијата во Торино, на протест против политиката на Мелони

Vecer | 03.10.2023

Судир меѓу демонстранти и полицијата во Торино, на протест против политиката на Мелони

Повеќе од 300 демонстранти се собраа во центарот на Торино опколени од полициски сили и поставија кордон пред зградата каде што се одржува официјална средба на која присуствува и италијанската премиерка.

Мелони учествува на Фестивалот на регионите (Festivale delle Regioni) во театарот Карињано, во Торино, пренесе АНСА и додаде дека полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до објектот и да ја попречат премиерката во нејзиниот најавен говор.

„Ова е наш град, пуштете не да поминеме“, извикуваа демонстрантите кон полицијата, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Мелони, не си добредојдена во Торино“, пренесе римскиот весник „Република“.

Полицијата беше гаѓања со јајца, околните дуќани беа затворени, а кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, полицијата интервенираше со палки.

Официјално беше објавено дека се повредени најмалку две лица, но демонстрантите тврдат дека во интервенцијата на полицијата се повредени петмина демонстранти.

Демонстрантите скандирааа „пари за училиштата, а не за војна“ и испратија порака дека „Торино не е модна писта за политичарите кои ги оставаат луѓето гладни на улица додека се преправаат дека сакаат да ги решат социјалните проблеми“, а истовремено го скратуваат финансирањето на сите социјални услуги. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk