logo
logo
logo

Студент со секира ѝ пресекол глава на вработена на универзитет- детали за ужасот во Варшава

Vecer | 08.05.2025

Студент со секира ѝ пресекол глава на вработена на универзитет- детали за ужасот во Варшава

Една жена е убиена, додека чуварот е тешко ранет. Осомничениот бил уапсен.

Нападот се случил во 18:40 часот, а според медиумските извештаи, студент влегол во кампот со секира.

Прво нападнал жена (53), која работела во универзитетската администрација, а потоа ранил и обезбедувач (39) кој се обидел да ја одбрани. Жената починала на самото место, а повредениот маж бил однесен во болница во тешка состојба.

Според „Полсат њуз“, властите наводно пронашле отсечена женска глава на местото на злосторството, заедно со оружјето со кое е извршено убиството. Обвинителите официјално не ја потврдија оваа информација и одбија да коментираат за овој морничав детаљ, се наведува во соопштението.

„Вработен на Универзитетот во Варшава е убиен, а еден обезбедувач е повреден и е во тешка состојба во болница“, изјави портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител.

Полицијата потврди дека уапсила Полјак (22), студент на трета година право. Според досегашните информации, тој немал криминално досие. Засега не е познато кој бил мотивот за бруталниот напад.

Истражителите не исклучуваат никакви сценарија - меѓу другото, тие испитуваат проблеми со менталното здравје и дали сторителот бил под дејство на дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk