logo
logo
logo

Страшна закана на Медведев: Ако има провокации на Денот на победата ...

Vecer | 03.05.2025

Страшна закана на Медведев: Ако има провокации на Денот на победата ...

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска се закани дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата од Украина, „никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“, додавајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „го разбира тоа“, објави Ројтерс.

Медведев ја опиша изјавата на Зеленски дека го отфрлил предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот на 8, 9 и 10 мај и дека „не може да ја гарантира безбедноста“ на светските лидери кои ќе присуствуваат на парадата во Москва како „вербална провокација и ништо повеќе“.

Тој во објава на својот Телеграм канал изјави дека Зеленски „разбира дека во случај на вистинска провокација на Денот на победата, никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“.

Претходно денес, Зеленски го отфрли предложеното тридневно примирје, наведувајќи дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

Зеленски повторно инсистираше на 30-дневен прекин на огнот и додаде дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.

Путин претходно предложи прекин на огнот по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, кој би траел од полноќ на 7 мај до полноќ на 11 мај.

Зеленски претходно го прифати предлогот на Путин за прекин на огнот за време на Велигден, но двете страни се обвинија меѓусебно за негово кршење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk