Индиските власти засега потенцираат дека голем број на лица не го преживеале падот на авионот Ер Индија, дел од медиумите пак говорат за 100тина жртви.
Во меѓувреме пред болниците е хаотична состојба, амбулантските возила се постојано во движење.. Семејствата на патниците избезумени очекуваат информација повеќе, со надеж дека нивните најблиски успеале да преживеат...
-Мојата снаа одеше за Лондон, по еден час ги добив вестите дека авионот се урнал. Бев заминат од Ахмедабад, но веднаш се вратив. Дали добивте помош од властите?
Не знаеме ништо. Не успеавме да влеземе во болницата.
Последното што се слушнало од пилотската кабина, само неколку секунди по полетувањето, бил познатиот код „Тревога“, по што веќе е загубен секаков контакт со авионот, велат од Ер Индија..
Боингот 787 „Дримлајнер“, кој според експертите важи за еден од најмодерните патнички авиони, од пистата 23 полетал во 13:38 минути по локално време успеал да се издигне само 190 метри, а само што го надминал аеродомскиот периметар, веднаш следувало и рушењето во најблиската населба, односно врз медицински апартмани. Според информациите, голем број на доктори биле извлечени од своите станови.
На летот АИ171 имало 242 лица, вклучувајќи два пилоти и уште 10 лица од екипажот на авионот. 169 лица биле индијци, 53 биле британци, седум се португалци и еден канаѓанец – меѓу патниците 217 се возрасни, а имало и 11 деца, според информациите од Ер Индија.
Веднаш по несреќата се огласи индискиот премиер Нарендра Моди кажа дека е шокиран и тажен, изразувајќи сочувство до семејствата. Британскиот премиер пак Кеир Страмер кажа дека неговите мисли се со патниците и нивните најблиски, нагласувајќи ги траорните сцени од несреќата.. Сочуство пристигна и од претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен.
Во изминатите 50 години во Индија имало по најмалку една страотна несреќа во речиси секоја деценија, а во речиси сите имало најмалку 50тина жртви.. Последна таква, која резултираше со 158 жртви е во 2010, кога Боинг 737 се срушил во Кањоњ блиску до градот Мангалуру.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата