logo
logo
logo

Стејт департмент го означи колумбискиот „Заливски клан“ за терористичка организација

Vecer | 18.12.2025

Стејт департмент го означи колумбискиот „Заливски клан“ за терористичка организација

„Клан дел Голфо е насилна и моќна криминална организација со илјадници членови“, соопшти ова американско министерство.

„Главен извор на приход на групата е трговијата со кокаин, кој го користи за финансирање на своите насилни активности. „Клан дел Голфо“ е одговорен за терористички напади врз јавни службеници, органи за спроведување на законот и воен персонал, како и цивили во Колумбија“, наведува Стејте департментот, пренесен од германската агенција 

„Клан дел Голфо“ е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови првенствено од поранешни десничарски паравоени сили и се вели дека има околу 6.000 луѓе под оружје.

Означувањето доаѓа во услови на ескалација на вербалната војна меѓу Богота и Вашингтон.

На почетокот на декември, американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе можноста за напад врз Колумбија како дел од борбата на неговата администрација против криминалот со дрога. Тој го обвинува колумбискиот претседател Густаво Петро за недостаток на решителност во борбата против нарко-картелите и му воведе санкции на претседателот.

Петро го предупреди својот американски колега да не го загрозува суверенитетот на неговата земја и го покани да ја посети за да биде сведок на „уништувањето на девет лаборатории за дрога дневно за да се спречи кокаинот да стигне до САД“.

Американската војска моментално натрупува свои сили на Карибите. Во последните недели, уништи околу 20 бродови што им припаѓаат на наводни шверцери на дрога, убивајќи десетици луѓе.

Петро рече дека во тој процес бил убиен и еден колумбиски рибар, по што ја суспендира размената на разузнавачки информации со САД, потсети ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk