logo
logo
logo

Стармер: Земјите од Г7 треба да бидат подготвени да преземат поголеми ризици

Vecer | 24.02.2025

Стармер: Земјите од Г7 треба да бидат подготвени да преземат поголеми ризици

Британскиот премиер Кир Стармер изјави денеска дека земјите од Групата седум (Г7) најголеми развиени економии во светот треба да бидат подготвени да преземат поголеми ризици во однос на санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

„Свесен сум дека Г7 мора да биде подготвена да преземе повеќе ризици, вклучително и во однос на ограничувањето на цените на суровата нафта, воведувањето санкции за руските нафтени гиганти и гонењето на банките што овозможуваат заобиколување на санкциите“, истакна Стармер, говорејќи преку видео-конференциска врска на меѓународниот самит одржан по повод третата годишнина од руската инвазија.

Стармер, исто така, рече дека Велика Британија ќе го објави најголемиот пакет санкции против Русија од првите денови на војната, вклучително и повеќе мерки против бродовите што се користат за да и помогнат на Русија да ги заобиколи санкциите, како и против компаниите во Кина и другите земји кои доставуваат воени компоненти.

Британската Влада се уште не објави целосно деталите за санкциите.

Претходно денеска, Велика Британија објави дека ќе забрани влез на нејзина територија на луѓе кои обезбедуваат значителна поддршка на руската држава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk