logo
logo
logo

Стармер одобри запленување на руските танкери од „флотата во сенка“

Vecer | 26.03.2026

Стармер одобри запленување на руските танкери од „флотата во сенка“

Стармер изјави дека Велика Британија ќе им се придружи на северноевропските сојузници во пресретнувањето на танкерите, во обид уште посилно да се справат со бродовите кои ги прекршуваат санкциите.

Оваа одлука премиерот ја донесе за време на патувањето за Хелсинки, на самитот на Обединетите експедициски сили (ЈЕФ) – воена коалиција од 10 земји предводена од Лондон, која ги вклучува и Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

Руската „флота во сенка“, составена од над илјада застарени танкери, превезува нафта под туѓи знамиња за да ги избегне западните санкции.

- Путин ги трие рацете поради војната на Блискиот Исток бидејќи мисли дека повисоките цени на нафтата ќе му ги наполнат џебовите. Затоа одиме уште посилно против неговата флота, за да ја изгладнеме неговата воена машина - порача Стармер.

Неодамна, Финска, Шведска и Естонија веќе пресретнаа сомнителни танкери во Балтикот, а затворањето на британските води ќе ги принуди руските бродови на подолги и поскапи рути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk