logo
logo
logo

Стапуваат на сила глобалните царини на Трамп: 104 отсто царина за увоз од Кина

Vecer | 09.04.2025

Стапуваат на сила глобалните царини на Трамп: 104 отсто царина за увоз од Кина

Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.

САД ја зголемија царината за увоз на стоки од Македонија на 33 отсто.

Според планот на Трамп, тарифата за кинескиот увоз првично беше поставена на 34 отсто, а со постојната царина од 20 отсто за Кина, што ја донесе вкупната стапка на 54 отсто, пренесува АП.

Откако кинеските власти најавија реципрочни мерки, Белата куќа објави дека САД ќе ја зголемат вкупната стапка на кинескиот увоз за уште 50 проценти - со што вкупната ќе достигне 104 проценти.

Првата фаза од царините на Трамп - основна стапка од 10 проценти на увозот од речиси сите трговски партнери на САД - стапи на сила во саботата рано наутро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk