logo
logo
logo

Српскиот Парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ

Vecer | 19.03.2025

Српскиот Парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ

Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за чесното и чесно извршување на должноста додека ја извршуваше функцијата премиер.

Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на нова влада, наведувајќи дека е за таа опција, а не за избори.

Toj во изјава за ТВ Пинк рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.

„Нема да има преодна влада...Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада“, изјави Вучевиќ, нагласувајќи дека опозицијата подготвува „радикализација“ во обид да постигне преодна влада.

Оставката на Вучевиќ беше поднесена три месеци по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, негов роден град и каде беше претходно градоначалник, која однесе 15 човечки животи. Трагедијата  е причина за масовни протести низ цела Србија што се уште траат. 

По него оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ Доколку  во неделата изјави дека ако не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk