logo
logo
logo

Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет

Vecer | 20.02.2025

Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет

- Имав продуктивен состанок со Келог. Добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас – и за целиот слободен свет – да се почувствува американската сила, напиша Зеленски.

Детално разговаравме за ситуацијата на фронтот, начинот на враќање на нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна, Украина бара мир. „Мораме и можеме да обезбедиме мирот да биде цврст и траен – за Русија никогаш да не може да се врати во војна“, нагласи Зеленски.

- Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со претседателот на САД. Ние го предложивме најбрзиот и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24/7, додаде украинскиот претседател.

„Успехот не обединува сите. Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет. Му благодарам на генералот Келог на заедничката работа во постигнувањето важни резултати“, напиша тој./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk