logo
logo
logo

Средба Трамп - Џинпинг во Пекинг, отворени прашањата за Тајван, Иран и трговската војна

Vecer | 14.05.2026

Средба Трамп - Џинпинг во Пекинг, отворени прашањата за Тајван, Иран и трговската војна

Со ваква порака кинескиот лидер Си Џинпинг по девет години го пречека американскиот колега Трамп на дводвевниот критичен самит во екот на засилени геополитички тензии и турбулетни економски односи меѓу двете најсилни економии. 

Со највисоки државни и воени почести Трамп беше пречекан пред големата народна сала во Пекинг, додека стотици деца трескавично мафтаа со американски знамиња.

Чест ми е да ви бидам пријател, му рече Трамп на кинескиот претседател на средбата, на која беа и првите луѓе на најмоќните светски компании, Тесла и Епл.

-Светот е на нов историски крстопат. Прашањето е дали можеме да одговориме на глобалните предизвици и да обезбедиме поголема стабилност во светот. Дали можеме преку унапредување на нашите односи, да донесеме заедничка иднина за човештвото? Тоа се прашањата, на кои, ние големите лидери, треба да најдеме одговори. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.

-Кога имаше тешкотии, ги решававме. Јас ќе ти се јавам, ти ќе ми се јавиш мене. И секогаш кога имавме проблем, луѓето на знаат, многу брзо наоѓавме решение. Верувам дека имаме многу успешна заедничка иднина. Чест ми е да ви бидам пријател, а односите меѓу Кина и САД да бидат подобри од кога и да е претходно., изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Средбата траеше два часа зад затворени врати, но брзо стана јасно дека по куртоазните пораки кои продолжија и на гламорозниот банкет меѓу делегациите, следувале жешки теми. Прашањето за Тајван, според кинеските медиуми, било издигнато како тема број еден од Пекинг, со предупредување дека американската поддршка во оружје за Тајван може да предизвика меѓусебене конфликт. Двајцата лидери се согласиле и дека отворањето на Ормускиот теснец треба да се случи што поскоро. Трамп во говорот на вечерата го покани Си да ги посети САД во септември. Кинезите со резерва ја оценуваат посетата на американскиот претседател.  

-Стилот на Трамп му е познат на светот. Тој постојано се менува. Секако, се надевам на поцврсти односи со Кина. , жител на Пекинг.

-Очекувам позитивни резултати од средбата. , жителка на Пекинг.

-Трамп е навистина контроверзен. Не можам да кажам дека мојот впечаток за него е импресивен. , жителка на Пекинг.

Трговската размена меѓу двете велесили изнесува над 400 милијарди долари, но по царинската војна бележи пад од 30 проценти. На дводневниот самит се очекува да доминира и прашањето за Иран и обид да се изврши притисок врз Кина да влијае врз Техеран да се врати на преговараачка маса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk