logo
logo
logo

Средба на шефовите на италијанската и иранската дипломатија во Рим

Vecer | 19.04.2025

Средба на шефовите на италијанската и иранската дипломатија во Рим

Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во Рим на вториот круг индиректни разговори со САД, со посредство на Оман. Дискусиите се фокусираат на иранската нуклеарна програма и олеснување на санкциите.

Двете страни ја оценија атмосферата како позитивна и имаат за цел краткорочен договор.

- Рим станува главен град на мирот и дијалогот. Го примив иранскиот министер за надворешни работи Арагчи и го охрабрив да продолжи по патот на преговорите против нуклеарното оружје. Италијанската влада се надева дека заедно можеме да постигнеме позитивно решение за Блискиот Исток, напиша Тајани на Х.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk