logo
logo
logo

Спречен терористички напад во студентски дом во Московскиот регион

Vecer | 04.04.2025

Спречен терористички напад во студентски дом во Московскиот регион

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички напад врз студентски дом на воени универзитети во Московскиот регион и приведе припадник на Министерството за одбрана, кој, според соопштението, бил регрутиран од украинските специјални служби и се подготвувал да го изврши нападот.

„Преземените мерки овозможија приведување на припадник на руското Министерство за одбрана, кој беше регрутиран од украинските специјални служби и учествуваше во подготовка на терористички акт во студентски дом во кој живеат кадети на воени универзитети“, соопшти ФСБ, пренесува ТАСС.

Според истрагата, приведеното лице наводно имало комуникација со украински државјанин кој го надгледувал извршувањето на нападот. Главното воено истражно одделение на Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против осомничениот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk