Според медиумските извештаи, полицајците организирале симулација на апсење на напаѓач во округот Дечин. Според планот, сè требало да се одвива во зградата на поранешно основно училиште, но тие погрешно упаднале во соседна образовна институција.
Никој не бил информиран
Никој во гореспоменатото средно училиште не бил информиран за полициската вежба - ниту вработените ниту учениците, објавува Новинки.
„Полицијата заѕвони на вратата, а кога чистачот им отвори, тие едноставно упаднаа внатре. Наставниците и учениците беа шокирани, не знаеја што се случува. Полицијата, од друга страна, мислеше дека се статисти и дека само добро се однесуваат. Дури по неколку минути сфатија дека нешто не е во ред, а потоа командантите ги информираа дека влегле во погрешна зграда“, објасни градоначалникот на Варнсдорф, Јан Шимек.
Откако ја сфатија грешката, специјалците ја напуштија гимназијата и се преместија во блиската зграда, каде што беше планирано да се одржи вежбата.
Полицијата се извини
Заменик-градоначалникот Јиржи Сухарда објасни дека во истиот комплекс се сместени неколку образовни институции - гимназија, градинка и поранешна зграда на основно училиште.
„Првата единица едноставно ги измеша зградите. Сè беше брзо разјаснето, полицијата реагираше правилно и веднаш им се извини на сите. Не е пријатно, но се случуваат и полоши работи“, рече Сухарда.
Чешката полиција, исто така, го потврди инцидентот, наведувајќи дека станува збор за човечка грешка.
„За време на вежбата, тимот влезе во зграда што не беше дел од сценариото. Директорот на полициската управа Деќин веднаш го контактираше раководството на училиштето и се извини за непријатностите што можеби ги предизвика ситуацијата“, рече портпаролот Камил Марек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата