logo
logo
logo

Специјалниот пратеник на Трамп: Украина не може да биде членка на НАТО, тоа е прифатено (ВИДЕО)

Vecer | 22.03.2025

Специјалниот пратеник на Трамп: Украина не може да биде членка на НАТО, тоа е прифатено (ВИДЕО)

Во интервју со поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, Виткоф рече дека „изборите во Украина ќе се одржат“ и додаде дека украинското раководство „се согласило со тоа“, објави Политико.

Во последниве недели, администрацијата на Трамп сè повеќе врши притисок врз Украина да распише избори, иако тоа е забрането со украинскиот устав за време на воена состојба. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп претходно го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, повторувајќи ја реториката што често ја користат руски извори за да го дискредитираат украинското раководство.

Критичарите предупредуваат дека изборите среде војна ќе ја отворат вратата за руските обиди за дестабилизација, а организациски тие би биле речиси невозможни да се спроведат додека земјата трпи инвазија.

Пратеникот на Трамп: Украина не може да биде членка на НАТО. Тоа е прифатено.

Виткоф во интервјуто се осврна и на прашањето за потенцијалниот влез на Украина во НАТО, на што Русија силно се противи. „Ако има мировен договор, Украина не може да биде членка на НАТО. Мислам дека тоа е во голема мера прифатено“, рече Виткоф.

Сепак, американскиот претставник нагласи дека Украина може да добие безбедносни гаранции слични на оние што ги уживаат членките на НАТО според членот 5, кој ги обврзува членките да си помагаат меѓусебно во случај на напад. „Мислам дека тоа е отворено за дебата“, рече Виткоф, без да навлегува во повеќе детали.

Трамп со години изразува восхит кон Путин, нарекувајќи го „генијалец“ и „силен лидер“, што ги натера критичарите да го обвинат дека е мек кон Кремљ.

Претходно оваа недела, двајцата лидери разговараа по телефон речиси два часа за ставање крај на руската инвазија на Украина, при што Трамп го опиша нивниот разговор како „многу добар и продуктивен“.

Кој е Такер Карлсон?

Такер Карлсон е познат американски конзервативен новинар и поранешен водител на Фокс њуз, чија емисија со години е позната како една од најгледаните и најконтроверзните политички емисии во САД.

Карлсон го напушти Фокс њуз во април 2023 година, откако мрежата постигна спогодба во вредност од речиси 800 милиони долари во тужба поднесена против неа од Dominion Voting Systems за ширење неосновани тврдења за измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година.

Иако Фокс официјално не ги соопшти причините за заминувањето на Карлсон, американските медиуми шпекулираат дека токму контроверзите на неговите изјави и внатрешните конфликти во уредничкиот тим довеле до разделување. Потоа ја продолжи својата кариера самостојно, водејќи популарен подкаст на социјалните мрежи.

Карлсон е познат по неговите блиски врски со Доналд Трамп и по неговите отворени критики за американската помош за Украина и ставовите кои често се опишуваат како проруски. Минатата година тој објави и големо интервју со Путин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk