logo
logo
logo

Стартува специјален суд за руската агресија врз Украина, ЕУ разгледува нови санкции

Vecer | 26.06.2025

Стартува специјален суд за руската агресија врз Украина, ЕУ разгледува нови санкции

Започна процесот за создавање специјален меѓународен суд кој ќе ги гони руските лидери за агресијата врз Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша спогодба со Советот на Европа во насока на воспоставување на суд за кривично гонење високи руски функционери за дела сторени од почетокот на војната во 2022 година.

Сè уште ни претстои долг пат пред целосното функционирање на трибуналот. Овој договор е само прв чекор, а понатаму ќе биде потребна силна политичка и правна соработка за секој чинител од Русија да одговара за своите дела, вклучително и претседателот Путин.

Володимир Зеленски

Украина веќе од почетокот на војната бара посебен трибунал кој ќе ги истражи и осуди воените злосторства на руската армија, како што се напади врз цивили, уништување на инфраструктура, заложништво и тортура. За овие дејства руската страна и натаму ги демантира обвинувањата.

Паралелно, Европската Унија денеска во Брисел разгледува нов, 18-ти пакет санкции против Русија. Мерките се фокусираат на можно продолжување на ограничувањето на цените на руската нафта, што кај дел од земјите-членки буди загриженост за евентуално зголемување на енергетските трошоци.

Мораме да зборуваме за конкурентноста на европската индустрија, како и за други важни прашања кои ќе ја подготват ЕУ за иднината.

Фридрих Мерц, германски канцелар

Отежнатите односи се заоструваат и надвор од Европа. Австралија најави нова воена ротација со испраќање свој воен контингент во Полска, додека рускиот министер за одбрана упати критики кон западната воена поддршка за Украина.

Сознанието за неминовниот пораз ја тера актуелната власт во Киев да се потпира на терористички акции. Испораките на оружје и ангажирањето платеници ја зголемуваат опасноста од нестабилност дури и во Европа.

Руски министер за одбрана

Министерот за одбрана на Русија, Белоусов, учествува на состанокот на Шангајската организација за соработка, каде што ги осуди создавањето антикинески и антируски блока низ Азиско-пацифичкиот регион, оценувајќи дека тоа води кон поголема нестабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk