logo
logo
logo

Сопственикот на „Дејли Меил“ за 500 милиони фунти го купи конкурентскиот „Телеграф“

Vecer | 22.11.2025

Сопственикот на „Дејли Меил“ за 500 милиони фунти го купи конкурентскиот „Телеграф“

Конгломератот DGMT, кој е сопственик на весникот „Дејли меил“, денеска објави дека се согласил да го купи конкурентскиот весник „Телеграф“ за 500 милиони фунти, што би претставувало спојување во една од најмоќните десничарски медиумски групи во Велика Британија.

Договорот бил постигнат една недела откако американската инвестициска компанија „РедБирд Капитал Партнерс“ ја повлече својата понуда за „Телеграф“, еден од најголемите британски весници.

Извор близок до „РедБирд“ за „Ројтерс“ изјави дека постојаното противење од страна на високите членови на редакцискиот одбор на „Телеграф“ ја натерало инвестициската фирма да се откаже од купувањето.

Создавање десничарска медиумска група

Луѓе блиски до преговорите рекоа дека вредноста на трансакцијата била приближно 500 милиони фунти. „Фајненшл тајмс“ објави дека цената била одредена за да може „Телеграф“ да ги врати парите што претходно ги инвестирал „РедБирд“.

Страните влегоа во период на ексклузивност за да ги финализираат условите на трансакцијата и да ја подготват потребната документација, која очекуваат брзо да се реализира.

Портпаролот на RedBird IMI изјави: „DMGT и RedBird IMI работеа брзо за да го постигнат договорот објавен денес, кој наскоро ќе биде доставен до министерството“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk