logo
logo
logo

„Сомнителен пакет“ доставен на домашната адреса на белгискиот премиер

Vecer | 06.10.2025

„Сомнителен пакет“ доставен на домашната адреса на белгискиот премиер

- Добивме пријава за сомнителен пакет во поштенското сандаче. Првично, на местото пристигнаа и припадници на противпожарната служба, но си заминаа откако утврдија дека нема никакви индикации за опасна ситуација, изјави претставничката за полициската управа на Антверпен, Ким Бастијанс за јавниот радиодифузен сервис ВРТ. 

Полицијата го оградила просторот околу поштенското сандаче, но не бил прекинат сообраќајот на улицата што минува пред домот на Де Вевер и не биле евакуирани жителите на околните куќи. На местото на настанот пристигнале и припадници на Цивилната заштита и на Службата за деактивирање бомби. 

По проверката на пакетот било утврдено дека тој содржи „еден вид ракавица за чистење“. 

Во врска со случајот е приведено едно лице. Според ВРТ, станува збор за маж кој „наводно има проблеми со менталното здравје“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk