Украински земјоделец смислил оригинален начин како да ги отстрани мините оставени на неговите ниви опремувајќи го својот трактор со заштитни плочи земени од уништените руски тенкови и систем за далечинско управување.
Откако руските сили беа истиснати од делови на источна Украина минатата година, многу полиња останаа со нагазни мини и противтенковски мини, спречувајќи многу земјоделци да почнат да садат земјоделски култури.
Нивите околу селото Храково не се исклучок, поради што Олександр Кривцов, генерален директор на локална земјоделска компанија, одлучи да не чека помош од пренапорните украински деминери за да ја расчисти својата нива.

Наместо тоа, тој дизајнирал оклопен трактор со далечински управувач кој може да издржи детонации од мини.
„Почнавме да го правиме ова само затоа што е време за сеење и не можеме да направиме ништо без службите за спасување и деминирање, кои се многу зафатени. Детониравме противтенковска мина. Заштитата е оштетена, но тракторот остана неоштетен. Сите се живи и безбедни“, изјави Кривцов за Ројтерс.
https://youtu.be/8I8lMuQDobo
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата