logo
logo
logo

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Vecer | 10.02.2026

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми.

Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до семејството на трагично загинатиот фудбалер.

- Клубот Алмирате Браун жали за загубата на Лукас Пирес, поранешен играч на нашата институција. Упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските во овој тежок период – објави клубот на својата официјална сметка, потсетувајќи на неговата улога во тимот.

Според локални извори, Лукас Пирес починал како последица на тешка повреда која настанала кога во контекст на расправија напаѓачот со стаклено шише му нанел длабока рана на десната подлактица, која зафатила артерија и предизвикало фатално крварење. Откако повредениот Пирес бил итно пренесен во болница, лекарите поради сериозноста на повредата не успеале да го спасат.

На интернет се појавија снимки од безбедносните камери на кои се гледа моментот на нападот, кога напаѓачот при вербална пресметка како оружје употребил парче стакло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk