logo
logo
logo

Словенија го прогласи Нетанјаху за „persona non grata“, му забранија влез во земјата

Vecer | 25.09.2025

Словенија го прогласи Нетанјаху за „persona non grata“, му забранија влез во земјата

Словенечката влада го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за персона нон грата на седница и му забрани влез во земјата, што, според државната секретарка во Министерството за надворешни работи Нева Грашиќ, следува по мерките што веќе се преземени против двајца екстремистички израелски министри, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, кои беа прогласени за персона нон грата во јули.

„Јавноста е свесна дека против него се води постапка за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики ги кршат и меѓународното хуманитарно право и човековите права“, рече Грашиќ во врска со мерката против Нетанјаху.

„Со оваа одлука, владата испраќа јасна порака до Државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“, се наведува во профилот на владата на мрежата X.

Со ова, Словенија „ја потврдува својата посветеност на меѓународното право, универзалните вредности на човековите права и принципиелна и конзистентна надворешна политика“.

Денешниот потег следува по одлуката на владата во јули да ги прогласи израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир и министерот за финансии Смотрих за персона нон грата.

Словенија, земја-членка на ЕУ која минатата година ја призна палестинската држава, во август воведе ембарго за оружје врз Израел и забрани увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел, објави Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk