logo
logo
logo

Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија

Vecer | 11.06.2025

Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија

„Република Словачка нема да го поддржи предложениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку не добиеме реално решение за ситуацијата што ќе настане по целосниот прекин на снабдувањето со гас, нафта и нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.

Словачка, членка на ЕУ и НАТО, силно зависи од руската енергија. Намалувањето на дотурот на гас преку Украина доведе до тензии со Киев и го зголеми стравот во Братислава за идната сигурност на снабдување.

Минатата недела, словачкиот парламент со мала разлика изгласа необврзувачка резолуција со која бара од владата да се спротивстави на санкции што штетат на националната економија.

Фицо, кој е левичарски националист, често ги критикуваше санкциите, тврдејќи дека ѝ штетат повеќе на Словачка отколку на Русија. Сепак, за разлика од унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо и неговата влада досега ги поддржаа сите санкции.

Словачка, заедно со Унгарија и привремено и Чешка, доби изземање од забраната за увоз на руска нафта, за да развие алтернативни канали за снабдување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk