Кога Западот и воведе санкции на Русија поради војната во Украин, многумина се надеваа дека тоа ќе ја осакати руската „воена машина“. Американскиот претседател Џозеф Бајден оцени дека руската економија ќе биде „преполовена“, додека поранешниот британски премиер Борис Џонсон го спомна нејзиното „потиснување“.
Една година подоцна британскиот„Скај њуз“ анализира дека работите не се како што се надеваше Западот.
„Руската економија и влада се покажаа многу посилни отколку што веруваше Западот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Ќе ве потсетам дека некои наши експерти во земјата, не зборувам за западњаците, очекуваа бруто домашниот производ да се намали за 10, 15, дури и 20 проценти“, додаде Путин.
Наместо „колапс“ и „потиснување“ на Русија, БДП на државата падна за скромни 2,2 отсто, а годинава се очекува да порасне за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд. Со други зборови, Русија е во многу подобра форма од Велика Британија каде инфлацијата и падот на БДП се двојно поголеми од Русија.
Западните економисти биле шокирани од фактот што руската економија ја поминала првата година од санкциите без поголеми последици, пишува „Скај њуз“ и објаснува дека резервите на нафта и гас се главната причина за тоа.
Иако Европа го намали увозот на руска енергија, Москва го искористи одложувањето на санкциите и ги зајакна своите јавни финансии. Благодарение на скокот на цените на енергијата на глобално ниво и успешниот трансфер на кинескиот и индискиот пазар, Русија успеа да ги зајакне своите финансии.
„Скај њуз“ наведува дека Москва и пред санкциите имала „удобна перница“ благодарение на повеќегодишната конзервативна фискална политика, благодарение на која собирала средства и тивко ја обезбедувала својата економија од санкции со години пред инвазијата на Украина.
Важно е да се напомене дека стапката на невработеност во Русија е ниска, додека платите се зголемуваат, што им помогна да го надминат најлошото од инфлацискиот шок, а владата сега работи на зголемување на јавната потрошувачка.
Британската служба се обиде да ја објасни постапката со тврдењето дека со ограничувањето на цената на нафтата, извозот на Русија во Европа е намален, како и дека Русија сега повеќе се потпира на трговијата со јуани наместо во долари. Проблемот е што Москва сега ја продава својата „европска“ нафта на клиентите на истокот - Кина и Индија (кои подоцна ја обработуваат и ја испраќаат во Европа), а употребата на локални валути наместо долари што им одговара на Русија и Кина како и другите членови на БРИКС.
Работни места
Кога станува збор за работните места, Русија има рекордно висок раст на платите и ниска невработеност. Аналитичарите очекуваа дека со заминувањето на западните фирми, многу луѓе ќе ги загубат своите работни места, но наместо тоа, стапката на невработеност е на рекордно ниско ниво од 3,7 отсто бидејќи локалните партнери ги купија западните бизниси и ги задржаа луѓето н работните места, во ЕУ стапката на просечна невработеност е над 4%.
Оние Руси кои ја напуштија земјата со почетокот на конфликтот во Украина - се проценува дека оваа бројка е од 0,4 до 1,4 проценти од целата работна сила - почнаа да се враќаат, или затоа што не нашле соодветна работа во странство или затоа што имаат семејство и домови во Русија.
Плати
Овој вид пазар на труд доведе до силен раст на платите, особено во ИТ секторот, градежништвото и услужните индустрии, што доведе до зголемување на животниот стандард. Растот на платите следи по инфлацијата, а владата ги зголеми пензиите и минималната плата за нови 10 проценти.
Потрошувачка
Потрошувачката во Русија останува „скромна“, при што домаќинствата имаат приоритет на штедењето, поради што владата работи на зголемување на јавната потрошувачка.
Деловни инвестиции
На почетокот на војната економистите беа убедени дека ќе има колапс на деловните инвестиции. Што не се случи. Добивката од нафта, гас и ѓубрива поттикна раст на инвестициите за шест отсто, а со поместувањето на извозот на енергија во Азија се појави потреба од нови инфраструктурни проекти што доведе до раст на преработувачкиот сектор.
Нафта и гас
Обидите да се задуши руската економија пропаднаа пред се поради сериозната зависност на Европа од руските енергетски извори, кои Москва ги искористи максимално.
Во текот на деветте месеци колку што ЕУ требаше да преговара и да ја спроведе забраната за увоз на руски енергетски производи, Москва уживаше високи цени на нафтата и гасот - сегашниот „вишок“ во буџетот се зголеми за 86 отсто на 227,4 милијарди долари потетува „Скај њуз “.
Ова и помогна на Москва да продолжи да го финансира своето војување во Украина, да ја зајакне рубљата и да го држи увозот под контрола и умерена инфлација.
Со пренасочувањето на изворите на енергија кон Индија и Кина, извозот на нафта во овој регион достигна рекордни 1,6 милиони барели дневно во јануари.
„Мораме да разбереме дека Русија ги помина изминатите 10 години обезбедувајќи ја својата економија од санкции“, изјави аналитичарот на „Капитал економикс“ Лиам Пич.
- Сето ова значеше дека исклучувањето од светските пазари на капитал и санкциите кон различни компании, банки и владата во Москва немаа големо влијание врз нивните финансиски потреби, бидејќи беа прилично ниски. Така, руската влада, на пример, би можела да помине осум месеци без долг - додаде Пич. Навистина, владата и корпорациите имаат многу ниско ниво на надворешен долг, а владата изгради силен државен фонд.
„Скај њуз“ с ја завршува својата анализа са позитивна нота за Западот, предвидувајќи дека лимитот на цената на нафтата и дериватите секако ќе влијае негативно на руските финансии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата