logo
logo
logo

Ситуацијата во Чернобил е повторно стабилна по прекинот на електрична енергија, тврдат локалните украински власти

Vecer | 02.10.2025

Ситуацијата во Чернобил е повторно стабилна по прекинот на електрична енергија, тврдат локалните украински власти

Официјален Киев синоќа соопшти дека руската армија со беспилотно летало погодила електрична инсталација во комплексот Чернобил, оставајќи го објектот без електрична енергија неколку часа.

Официјалните лица изјавија дека инцидентот не го зголемил нивото на зрачење на местото на една од најлошите нуклеарни катастрофи во светот во 1986 година.

„Снабдувањето со електрична енергија е обновено и локацијата работи нормално“, потврди администрацијата на Чернобил, која ја опкружува електраната во радиус од 30 километри.

Чернобил, иако формално не е во функција, бара постојано напојување со електрична енергија за ладење делови од електраната и следење на нивото на зрачење, со што се избегнува нуклеарен инцидент.

Руската армија го окупираше Чернобил на почетокот на војната во Украина во 2022 година, а се повлече само по неколку недели.

Еден од заштитените прстени на електраната беше погоден во февруари годинава, по што избувна мал пожар.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека руските напади врз украинските нуклеарни постројки претставуваат глобална закана и дека е потребна „силна акција“ за нивно сузбивање.

Нуклеарната централа во Запорожје, исто така, остана без струја, која беше исклучена повеќе од една недела, а која руската армија ја напаѓаше неколку пати од почетокот на војната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk