Погодените линии се Лондон-Париз, Париз-Лондон, Брисел-Париз и Париз-Брисел, се вели во соопштението на железничкиот оператор. Сепак, возовите Брисел-Марне Ла Вале, Лондон-Брисел и Лондон-Амстердам сообраќаат нормално, додава Евростар.
Француската полиција го запре сообраќајот до и од станицата откако бомбата беше откриена на шините кои водат до терминалот за време на поправките во текот на ноќта, додаде Би-Би-Си.
Гар ду Норд е важен европски транзитен центар кој опслужува меѓународни дестинации на северот на Франција, главниот аеродром во Париз, и носи многу патници кои секојдневно патуваат во регионот.
Бомбите останати од Првата или Втората светска војна често се наоѓаат во Франција, но многу ретко на толку прометно место. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата