logo
logo
logo

Сириската разузнавачка агенција соопшти дека спречила напад на ИД врз шиитски мавзолеј

Vecer | 11.01.2025

Сириската разузнавачка агенција соопшти дека спречила напад на ИД врз шиитски мавзолеј

Државната новинска агенција САНА, цитирајќи неименуван разузнавач, јави дека се уапсени членови на ќелија на Исламска држава кои го планирале нападот.

Министерството за внатрешни работи на Сирија објави снимка од четири лица, претставени како „членови на ќелија на Исламска држава“ и додаде дека безбедносните сили извршиле рација во нивното скривалиште во близина на Дамаск.

Ова е прва објава од ваков вид на новите сириски власти, кои дојдоа на власт откако бунтовничката коалиција предводена од сунитската исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го собори Башар ал Асад од власт на 8 декември.

Мавзолејот Сајида Зејнаб и претходно беше цел на напади на Исламска држава врз шиитските аџии. Исламска држава применува екстремно толкување на сунитскиот ислам и ги смета шиитите за неверници. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk