logo
logo
logo

Сирија: Околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во Шадади

Vecer | 20.01.2026

Сирија: Околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во Шадади

Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 120 притвореници на Исламската држава избегале од затворот во Шадади, демантирајќи ги наводите на курдската интернет страница Рудав според која избегале околу 1.500 припадници на таа екстремистичка група.

Рудав ја пренесе изјавата на портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, Фархад Шами, кој наведе дека од затворот избегале околу 1.500 припадници на Исламска држава.

Сириското министерство соопшти дека единиците на сириската војска и специјалните сили на министерството влегле во Шадади по пробивот, наведувајќи дека силите за безбедност за време на претресот и операциите за чистење на градот и околните подрачја повторно уапсиле 81 бегалец.

Потрагата по преостанатите бегалци продолжува.

Претходно сириската војска соопшти дека „повеќе“ милитанти на Исламската држава избегале од затворот кој бил под контрола на СДФ во источниот град Шадади, обвинувајќи ја групата дека ги ослободила.

По повеќедневни борби со владините сили, СДФ во неделата се согласи да се повлече од Рака и Деир ез-Зор, две арапски провинции кои ги контролираше со години и во кои се наоѓаат главните сириски нафтени полиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk