logo
logo
logo

Сирија бара повлекување на израелската армија од демилитаризирана зона на Голанска Висорамнина

Vecer | 29.01.2025

Сирија бара повлекување на израелската армија од демилитаризирана зона на Голанска Висорамнина

Сириските власти ја истакнаа „подготвеноста на Сирија целосно да соработува со ОН, се наведува во соопштението објавено по средбата на Лакроа со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шибани и министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра.

Владата во Дамаск, исто така, изрази подготвеност да распореди свои сили на Голанска Висорамнина „во согласност со договорот од 1974 година кој предвидува итно повлекување на израелските сили“.

Веднаш по соборувањето на режимот на Башар ал Асад на 8 декември, Израел ги распореди своите воени единици во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина во југозападна Сирија, окупирана од Израел во војната во 1967 година, а присоединета во 1981 година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk