logo
logo
logo

Синот на норвешката принцеза со сериозни обвиненија

Vecer | 27.06.2025

Синот на норвешката принцеза со сериозни обвиненија

Синот на норвешката принцеза Мете-Марит, Мариус Борг Хоиби, е осомничен за три случаи на силување и уште 23 други кривични дела, информираше полицијата во Осло.

Хоиби, кој има 28 години и е посинок на принцот Хаакон, престолонаследникот на Норвешка, беше уапсен во три наврати минатата година – во август, септември и ноември.

По десетмесечна истрага, случајот е предаден на обвинителството, кое сега треба да одлучува за покренување обвинение.

Мариус Борг Хоиби не носи официјална титула, ниту има кралски должности. Истражувањето започнало по неговото апсење на 4 август под сомнение за напад.

Полицијата во Осло изјави дека спровела темелна истрага во која биле сослушани повеќе сведоци, извршени претреси на повеќе места, како и анализа на голема количина дигитални докази.

Освен трите случаи на силување, Хоиби е осомничен и за четири случаи на сексуален напад и два случаи на нанесување телесни повреди. Полицијата не прецизираше колку жртви се инволвирани, освен дека бројот е двоцифрен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk